
Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектите од програмата за комунална изградба. Денеска започна со уште една градежен проект овој пат во село Фариш, каде се започна со бетонирање и поплочување на дел од улиците. Изведувач на работите е фирмата ВЕ Група Скопје, а инвестицијата чини 1.700.000 денари – информираат од локалната самоуправа.

Во село Марена денеска се започна со подготовката за асфалтирање на површина од 1700м2, по што ќе следува поплочување на површина од 1500м2. Вкупната инвестиција во износ од 4.000.000 денари е од Општина Кавадарци, а изведувач на работите е фирмата Градба Промет.