(ВИДЕО) Родителите на Марио бараат асфалт на нивната улица за полесно да го пренесуваат нивниот син со количка

(ВИДЕО) Родителите на Марио бараат асфалт на нивната улица за полесно да го пренесуваат нивниот син со количка

Марио Ристов од селото Дреново деновиве наполни 16 години. Неговата роденденска желба беше да се асфалтира неговата улица за да може слободно да излезе на сред село. Тој е дете со посебни потреби, но со големо срце и желба денот да го минува со своите врсници од Дневен центар Кавадарци.