Пред супер купот УЈП спроведува едукативни активности

Пред супер купот УЈП спроведува едукативни активности

Во пресрет на Супер купот 2017, Управата за јавни приходи ќе спроведе активности од „едукативен карактер” (работилници, советодавни посети, достава на едукативни материјали и сл), a со цел зголемување на свеста и едуцираноста кај даночните обврзници во поглед на нивните права и обврски.

 

Една од тие активности е и денешното еднодневно советување за сите лица кои се занимаваат со трговија, угостителство, превоз, хотелиерство, сместување и ноќевање на лица и други заинтересирани лица кое се одржа во УЈП, РД Прилеп како и во Кавадарци, Неготино, Велес, Крушево и Македонски Брод. Оваа обука се однесуваше за оданочување со ДДВ, регистрирање на готовински плаќања и пријавување на приходи од издавање под закуп на движен и недвижен имот.

 

Проактивниот пристап има за цел намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција кај услужниот и превозниот сектор, но и влијание кај онаа категорија на обврзници каде постои ризичност од  непријавување или нецелосно пријавување на остварените приходи.

 

Редовно, но и пред, за време и после одржувањето на УЕФА супер купот 2017 година ( пред и после 08.08.2017 година ) Управата за јавни приходи ќе врши следење на дневниот готовински промет преку ГПРС мониторинг во реално време (on line) кај даночните обврзници кои вршат промет и даваат услуги на  територијата на цела Република. Мониторингот ќе го опфати услужниот сектор (хотели, хостели, мотели, ресторани, кафани, барови, здравствени и други ординации, салони за нега и др.), превозниот сектор како и другите дејности кои вршат промет на производи и услуги, со цел утврдување на степенот на  исполнување на даночните обврски. – стои во соопштението од УЈП регионална дирекција Прилеп.