Митко Јанчев кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци

Митко Јанчев кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека на локалните избори во Кавадарци ќе настапат со Митко Јанчев, сопственик на компанијата „Кожувчанка“. Тој ќе ги одмери силите со својот противкандидат од СДСМ, Бетиане Китев.

 

Во Неготино силите ќе ги одмерат Тони Делков од СДСМ и Златко Пенков од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во Градско можност за втор мандат доби актуелната градоначалничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жанета Чаушевска. Нејзин против кандидат е независниот кандидат Глигур Коцев кој три години по ред ја водеше општината како градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Како што објавивме во Росоман силите ќе ги одмерат актуелниот градоначалник Стојанче Лазов и Бранко Јанев од СДСМ.

 

А.Д