„Израдувај некого“ – хуманитарна акција на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“

 

Деновиве под мотото”Израдувај некого” учениците во гимназијата Добри Даскалов спроведоа хуманитарна акција.Со паричните средства се обезбедија новогодишни пакетчиња ,играчки и облека кои се донираа во Малиот групен дом. На детската радост и немаше крај.

 

 

Дружењето на учениците од гимназијата и дечињата продолжи со заедничка роденденска прослава на едно од дечињата.