Поставена нова мерна станица за амбиентален воздух во Кавадарци

Едната од трите мерни станици кои беа најавени од страна на Универзитеот „Гоце Делчев“ Штип при потпишувањето на Меморандумот за соработка со општина Кавадарци денеска  е веќе поставена на објектот над „Тинекс“  и ќе биде во функција од утре, 30.12.2017 година, сабота – информираат од прес службата на општина Кавадарци.

 

 

Останатите две мерни станици ќе бидат поставени на почетокот од новата година.Едната ќе биде поставена во Ваташа и втората во Новиот центар.