
Интензивни се деновиве средбите на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев со странските амбасадори во земјава.
По денешната средба со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, од кабинетот на Јанчев добивме информација дека градоначалникот веднаш потоа беше гостин во амбасадата на Франција во Македонија.
Јанчев имал работен ручек со амбасадорот Кристијан Тимоние.