Завршува асфалтирањето на патот во село Бохула, завршена реконструкцијата на канализација во село Раец

Завршува асфалтирањето на патот  во село Бохула, завршена реконструкцијата на канализација во село Раец

Kомуналната изградба покрај во градот интензивно се реализира и во селските средини од општина Кавадарци.

 

Од локалната самоуправа информираат дека во завршна фаза е реконструкцијата на локалниот пат во село Бохула . Денеска  се заврши асфалтирањето во должина од 450 метри. Изведувач на работите е Градба Промет .

 

 

Завршена е реконструкцијата и на фекална канализација во село Раец, во должина од 100метри и дијаметар Ф250.