Апел од кавадаречката полиција во пресрет на велигденските празници

Апел од кавадаречката полиција во пресрет на велигденските празници

 

По повод претстојниот празник Велигден, Полициска станица од општа надлежност Кавадарци апелира до сите граѓани на општините Кавадарци и Росоман да посветат поголемо внимание на заштита на сопствениот имот, личната безбедност и безбедноста на другите.

 

Од полицијата предупредуваат за време на празничните денови да не се нарушува на никој начин јавниот ред и мир и да се воздржат граѓаните од управување на возила под дејство на алкохол.

Им се укажува на сите граѓани дека како и секогаш се должни да се придржуваат и да ги почитуваат позитивните законски регулативи од сите области.

 

За сите девијантни и незаконити однесувања ПС ОН Кавадарци ќе ги превзема потребните мерки и активности за санкционирање на истите, согласно своите законски надлежности и овластувања.

Сите регистрирани такви појави и настани  од страна на граѓаните да се пријавуваат на телефонскиот број 192, апелираат од полицијата.