
Во соработка со Локална самоуправа Кавадарци и детската градинка “Рада Поцева“,Музеј-галерија Кавадарци со големата група дечиња и воспитувачката Ката Стоквиш го реализираше проектот “Учиме и цртаме за нашето културно наследство“.

Учество во проектот зема и воспитувачката Јулијана Малинкова.Преку едукативно предавање(моделирање со пластелин и глина,цртање и боење) децата поблизу ја осознаа убавината и значењето на нашето културно наследство.Проектот беше реализиран под раководство на в.д. директор Весна Ѓорѓиева,Трајче Цветков и Раде Атанасов-учесници во проектот.
