Во Кавадарци се поставуваат контејнери за селектирање на отпад

Во Кавадарци се поставуваат контејнери за селектирање на отпад

 

На повеќе локации се поставуваат контејнерите за селектирање на отпад кои Јавното претпријатие “Кимуналец” од Кавадарци ги обезбеди во соработка со компанијата “Пакомак”.  Поставени се  45 контејнери во кои селективно се оставаат стакло, пластика и хартија.

 

   -Контејнерите се правилно распоредени на повеќе улици во градот, таму каде што има простор и технички можности. Се замолуваат граѓаните да го селектираат отпадот. Со тоа, во понатамошна процедура тој отпад ќе се рециклира и ќе донесе бенефит за општинатата и што е најважно, почиста животна средина, вели Јован Ристов, раководител на Сектор комунална хигиена во “Комуналец”.