
Вчера околу 07.30 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, патнички автомобил марка „Форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки управуван од дваесет и осум годишната А.Д. од Кавадарци излетал надвор од патот, при што, возачот се повредил.
Повредената девојка е пренесена во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци каде е задржана на лекување.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци. – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.