(ФОТО) Сојузот на борци одбележа годишнини од загинувањето на Гоце Делчев, Тито и Пере Тошев

(ФОТО) Сојузот на борци одбележа годишнини од загинувањето на Гоце Делчев, Тито и Пере Тошев

 

Делегација од Сојузот на борците Кавадарци денеска со положување свежо цвеќе на спомен бистите на Гоце Делчев,  Јосип Броз Тито и Пере Тошев ја одбележаа годишнината од нивното загинување.

 

 

По повод 115 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев цвеќе беше положено на бистата на Делчев во училиштето кое го носи неговото име во Кавадарци. Цвеќе беше положено и на спомен бистата на Тито која се наоѓа во кругот на поранешен МИК.