(ВИДЕО) Кавадаречката полиција доби ново возило за интервенции, донација од Кожувчанка и Кав комерц

 

Ново комби кое ќе служи за интервенции на кавадаречката полиција,  денеска беше донирано од градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

 

Возилото е донација од компаниите „Кожувчанка“ и „Кав комерц“.

 

 

„На заедничката средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски договоривме дека ќе обезбедиме едно возило за интервенции за групата за интервенции. Тоа е ново комбе обезбедено од Кожувчанка и Кав комерц. Односно двете компании го даваат на општината како донација, а општината го донира на полициска станица Кавадарци. Со ова овозможуваме полициската станица да има подобри услови за работа и како град да бидеме на подобро ниво“ рече градоначалникот Јанчев и упати благодарност за донацијата до двете компании.

 

Благодарност за донацијата искажа и командирот на полициска станица Кавадарци, Сашко Димовски.

 

„Ова возило за полициска станица Кавадарци ќе значи можност за побрза интервенција во Кавадарци и Росоман.  Возниот парк сеуште не е доволен за потребите на полицијата, но се стремиме кон подобро. Со ова комбе значително ќе се подобрат условите за работа“ рече командирот на кавадаречката полиција Сашко Димовски.

А.Д