Џудо клубот „Кожувчанка“ со нови медали од меѓународни турнири

 

Џудо клубот „Кожувчанка“ од Кавадарци продолжува со успешните настапи од меѓународните првенства. Вчера џудо клубот зеде учество на силниот меѓународен турнир „Мир и пријателство“ кој се одржа во Пеќ – Косово.

 

На овој турнир учествуваа  околу 350 џудисти од клубови од повеќе земји, како од Балканот, така и од пошироко.

 

На турнирот кавадаречкиот клуб настапи со пет џудисти и освои еден златен, и два бронзени медали и тоа, Благица Колева освои златен медал, а Игнат Петров и Никола Јанев освоија бронзени медали. Миле Плачков го освои петото, а Благој Тодоров го осови четвртото место во своите категории.

 

Тренерот, Марјан Колев е задоволен од прикажаните борби и истакнува дека репрезентативката Благица Колева која во нејзината категорија сите борби ги доби со ипон и во финале со ипон ја совлада репрезентативката на Австрија.

 

Исто така добри борби прикажаа и Никола Јанев и Игнат Петров, кој како пионер се бореше во една возрасна категорија погоре, во постари пионери и освои медал.

 

Благој Тодоров за трето место иако водеше на 20 секунди до крајот, поради едно невнимание доби  казна и ја загуби борбата, а Миле Плачков загуби во третото коло.

 

Овој турнир воедно беше и проверка на формата на нашите џудисти, бидејќи за две недели почнуваат државните првенства на Македонија.

 

М.В