Утре низ улиците во Кавадарци учениците масовно ќе возат велосипед

Утре низ улиците во Кавадарци учениците масовно ќе возат велосипед

 

По повод светскиот ден на велосипедот, Општинскиот сојуз на училишни спортови Кавадарци организира масовен велосипедски собир низ улиците во Кавадарци под мотото „Велосипедот и јас сум дел од сообраќајот“.

 

Учениците од основните и средните училишта ќе возат низ улиците заедно со своите наставници и професори по физичко и здравствено воспитување.

 

Стартот е од 11 часот на спортските терени „Јасмин“. За учесниците во овој велосипедски собир е организирана и наградна игра, со главна награда – велосипед.