(ФОТО) МОНТИРАН ПРВИОТ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ЗА СМЕТ

(ФОТО) МОНТИРАН ПРВИОТ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ЗА СМЕТ

 

„Метал Апостолов“ фирмата донатор го монтираше првиот подземен контејнер за смет во општината. Контејнерот со зафатнина од 3м3 е поставен на југо-источната страна од градскиот плоштад, на ќошто од улицата „Благој Крстиќ“, информираат од општинската прес служба.

 

Подземниот контејнер има три комори. По една посебно за смет од домаќинствата, како и за собирање на отпад за рециклирање, стакло и пластика.

 

 

Овој систем на прибирање на смет во развиоените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата.

 

Во наредниот период, општината контејнерот пробно ќе го предаде во употреба на граѓаните, а позитивните искуства и резултати ќе влијаат на понатамошното градење на вакви контејнери за смет во градот.