Општина Кавадарци бара волонтери за чисто и убаво Кавадарци

Општина Кавадарци бара волонтери за чисто  и убаво Кавадарци

 

Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик, што го објави денеска, за волонтерска работа за активности по проектот „За чисто и убаво Кавадарци“.

 

Ќе бидат ангажирани 35 лица – волонтери кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и по зелен град и тоа оплеменување на зеленилото, засадување нови садници, подигање на нови зелени површини, средување на постојните зелени површини, одржување на селските патишта и фудбалски игралишта, како и чистење и одржување на хигиената на повеќе локации и тоа просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градскиот парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот и околината на споменикот на 12 сте другари.

 

Волонтерската работа ќе се извршува до 30 март следната година, а ќе се склучуваат договори за истата.

 

Заинтересираните лица потребно е да достават пријава до општината по што ќе бидат повикани за извршување на волонтерската работа.

 

А.Д