Утврден идентитетот на мртвата жена најдена во водите на Тиквешкото Езеро

Утврден идентитетот на мртвата жена најдена во водите на Тиквешкото Езеро

 

Полицијата денеска го идентификуваше телото на мртвата жена која синоќа беше пронајдена во водите на Тиквешкото Езеро.

 

“Утврдено е дека се работи за Н.Ч.Ш (72) од Кавадарци. Медицинска екипа од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци изврши преглед на лицето и констатираше дека истотот е починато. Лешот е предаден на Институтот за судска медицина Скопје за обдукција. Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци“ – информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Синоќа околу 20 часот во кавадаречката полиција било пријавено дека во месноста „Голеш“ на Тиквешкото Езеро е пронадено телото на Н.Ч.Ш.

 

Вчера во 07.00 часот во ПС ОН Неготино пријавено е дека во кругот на млинот „Декамел“ во с.Тремник – демиркаписко е пронајдено починато лице. Утврдено е дека се работи за М.Ј.(57) од Неготино.

 

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино.

 

А.Д