(ВИДЕО) Поплавен патот Кавадарци – Неготино кај Марена

(ВИДЕО) Поплавен патот Кавадарци – Неготино кај Марена

 

Невреме проследено со силен пороен дожд зафати дел од Тиквешијата денеска попладне. Наши гледачи јавуваат дека силен пороен дожд  околу 18 часот го поплавил патот Кавадарци-Неготино. Земјата од околните лозови насади била донесена на патот, а имало искорнато и дрво, поради што сообраќајот се одвивал по една коловозна лента.

 

Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во текот на ноќта и  утре претпладне.  A.Д