
Камен по камен, линија по линија, мајсторите и уметниците интензивно работат на реконструкција и фрескоживопис на храмот посветен на великомаченик Свети Димитриј во Кавадарци. Надворешните ѕидови на црквата целосно се изѕидуваат со камен, а внатре веќе се завршени повеќе композиции од фрескоживописот.

Сите верници кои сакаат да се вклучат во реновирањето на црквата посветена на заштитникот на Кавадарци, Свети Димитрија, можат да се вклучат со свои донации.
А.Д