Лицата со инвалидитет од денеска можат да го користат специјализираното комбе

Лицата со инвалидитет од денеска можат да го користат специјализираното комбе
 
 
Комбето адаптирано за потребите на лица со инвалидитет официјално е пуштено во употреба од денес.
 
 
 
Ова возило ќе им биде достапно на лицата кои имаат потреба од истото. За почеток комбето ќе функционира во рамки на Општина Кавадарци. Комбето е достапно секој ден од 8 до 20 часот.  За користење на ова возило лицата ќе можат однапред, односно ден порано, да се координираат  со лицето задолжено за превоз, Ристе Маркушев со телефонски број 071 328 523 – информираат од општината.