
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска во неговиот кабинет го прими во прва официјална посета на Кавадарци амбасадорот на Холандија Вилем Ваутер Пломп.
Во изјавата за медиумите Јанчев информира дека е задоволен од посетата на амбасадорот и во наредниот период ќе се интензивира соработката, а Пломп кажа дека Кавадарци е преубав град кој има природни убавини и потенцијали за развој на винскиот туризам.
A.Д