Ликовен перформанс на уметник oд Турција во Кавадарци

Ликовен перформанс на уметник oд Турција во Кавадарци

Синоќа во Паркот на револуцијата во Кавадарци се одржа голем Ликовен перформанс на еден од најпознатите ликовни уметници од Турција – Орхан Чебраилоглу. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да уживаат во вистински ликовен спектакл на големиот ликовен перформер.

 

 

Перформансот е во склоп на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци Михајлово 2018“ во организација на Дом на култура Ё“Иван Мазов – Климе“ Кавадарци

 

Во самиот перформанс зедоа учество младите танчерки од студиото „Венус“ и моторџиите на „Тиквеш-Рајдерс“. Своето ликовно дело   уметникот од Турција го наслови „Мојата рефлексија од Македонија“ покажувајќи неверојатна енергија и силна експреција во брзите потези и необични ритуали во создавањето на ликовното дело.