Познати годинашните добитници на наградата „7 ми септември“

Познати годинашните добитници на наградата „7 ми септември“

 

Од пристигнатите десет предлози за највисокото општинско признание што општина Кавадарци го доделува по повод денот на ослободувањето 7 ми септември советот донесе одлука седмосептемвриска награда да добијат тројца кавадарчани.

 

Од областа на културата нагрaдата ја добива Страшо Темков – флејтист, од областа на спортот,  професорот по физичко воспитување Димитар Пецов и од областа на музиката седмосептемвриска награда ќе добие Александар Ангелов од групата „Дрим тим“.

 

Нагрдите ќе бидат доделени на свечената седница на советот на општина Кавадарци на 7 ми септември.

 

А.Д