Тиквешка винска езерска регата утре по петти пат

Тиквешка винска езерска регата утре по петти пат

 

Петтото издание на “Тиквешка винска регата” со пловење со чамци по водите на Тиквешко Езеро и дегустирање на квалитетни вина од Тиквешијата, ќе се одржи утре, информираше денеска Панче Арсовски, директор на регатата.

 

   -Според предвиденото, учесниците на регатата ќе ги посетат и брушанската црква „Света Недела“ и црквата „Свети Лазар“, бегнишкиот залив и полошкиот манастир, за на крајот да следува голема забава и дегустација на вино, соопшти Арсовски.

   Се очекуваат повеќе гости.

 

   -Како и претходните години, така и оваа ќе имаме и гости од соседните земји, што само потврдува дека оваа регата и тоа како е интересна за многумина, додаде тој.

 

   Организатор на настанот е здружението “Винотек” од Кавадарци, кое се бави со промоција на производи од грозје и вински туризам.

 

Св.Д