Во февруари годинава полицијата бележи помал број сообраќајни незгоди во кавадаречко

Во февруари годинава полицијата бележи помал број сообраќајни незгоди во кавадаречко

На подрачјето на ОВР Кавадарци во февруари годинава  се регистрирани 4 сообраќајни незгоди. Споредбено со февруари во минатата година, кога нивниот број изнесувал дури 16, се бележи  намалување за 75% – покажуваат податоците што ги добивме од СВР Велес.

 

Минатата 2022 година во месец февруари имало и 1 жртва од сообраќајна несреќа, додека истиот месец во 2023 година не се регистрирани жртви. Намалување се бележи и кај податокот во однос на сообраќајните несреќи кои завршиле со телесни повреди и тој број во месец февруари 2023 изнесува 1, додека во 2022 бил 4, што претставува намалување од 75%. 

 

Кај сообраќајните незгоди со материјална штета исто така се бележи намалување од 72% ако се споредат податоците од февруари лани,  кога имало  11, со  месец февруари годинава кога се бележат 3.

 

А.Д