33 крвни единици собрани на крводарителската акција во кавадаречката гимназија (фото)

33 крвни единици собрани на крводарителската акција во кавадаречката гимназија (фото)

Вчера беше спроведена уште една успешна   доброволна крводарителска акција во Кавадарци. Ја организираше  Црвен крст -општинска организација Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина, а акцијата се спроведе во  просториите на гимназија ,,Добри Даскалов“  од Кавадарци. Крв даруваа ученици и вработени во училиштето.

 

 

 

– На оваа акција доброволно даруваа 33 крводарители, односно собрани се 33 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции  – велат од кавадаречката организација на Црвен Крст и упатуваат голема благодарност до  учениците и нивните професори кои несебично ја прифатија оваа акција.

 

А.Д