Вонредна седница на кавадаречкиот совет

 

Измените на одлуката за определување на висината на надоместок за учество на есенскиот панаѓур се дел од дневниот ред на денешната шеста вонредна седница на советот на општина Кавадарци.

 

Седницата е закажана за во 12 часот, а ќе се разгледуваат и одлуки за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на градинка и тоа во објектот „Снежана“ и објектот „Детелинка“.

 

А.Д