Рестрикција на водата за пиење во ноќните часови во Кавадарци поради дефект

Рестрикција на водата за пиење во ноќните часови во Кавадарци поради дефект

 

Рестрикција на водата за пиење од полноќ до шест часот изутрина се спроведува во Кавадарци, поради дефект на главниот довод и намалени количини на вода. Бојан Атанасов, раководител на работната единица за вододвод и канализација при Јавното претпријатие Комуналец, појаснува дека намалувањето на количините на вода е константно, а кон комплетно сопирање се пристапува навечер, со цел полнење на резервоарите за задоволување на потребите во текот на денот.

 

                -Санацијата е во тек. Очекуваме таа да трае неколку дена. После тоа, водоснабдувањето ќе биде нормализирано. Ги молиме кавадарчани за разбирање, вели Атанасов.

 

С.Д