Технолошка вода ќе се обезбедува од бунари во Кавадарци

Технолошка вода ќе се обезбедува од бунари во Кавадарци

 

Општина Кавадарци ќе искористи бунари за обезбедување на технолошка вода во градот, најави градоначалникот Митко Јанчев.

 

  -Јавното преторијатие “Комуналец” годинава издвои три милиони денари буџет. Веќе се бушат  два бунара фи триста под новото тениско игралиште. Очекуваме тие да дадат 30-40 литри во секунда со кои со вода за наводнување би се обезбедил новиот дел на градот. За градскиот парк исто така обезбедивме бунарска  вода, рече Јанчев.
 

Ќе се провери и издашноста на вода од бунар во строгиот центар на градот, за да се обезбеди вода за наводнување за паркот Полјана.

 

  -Сево ова е не само да заштедиме вода за пиење, туку и од еколошки причини, нагласи градоначалникот.

С.Д