(ВИДЕО) Бизнисмените од Тиквешијата денеска се сретнаа со вицепремиерот Анѓушев

 

Бизнисмените од Тиквешкиот регион денеска имаа двочасовна средба со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Разговараа за проблемите со кои се соочуваат во работењето, а им беа понудени владините програми со кои се помага економијата.

 

Анѓушев нагласи дека преку овие средби минатата година владата детектирала три главни предизвици за раст на македонската економија и тоа раст на конкурентноста на македонските компании на меѓународни пазари, намалување на административни постапки за бизнис секторот, како и обезбедување на квалитетен кадар за потребите на стопанството. Рече дека со програмите и мерките кои ги нуди владата ќе им се помогне на бизнисмените…

А.Д