За најавените врнежи од снег подготвена е зимската служба на Кавадарци

 

 

 

 

Согласно најавите од УХМР Скопје, од денес попладне следи промена на времето проследена со врнежи од снег и засилен северен ветер, како и пад на температурата до -10 C. Врнежите од снег ќе започнат во вечерните часови и ќе бидат проследени со засилен северен ветер, при што е можна појава на снежни навеви и голомразица.

 

Затоа се препорачува на жителите на подкожувјето и бошавијата во наредните неколку дена непотребно да не ги користат овие патни правци бидејќи истите подлежат на навеви од снег. Исто така се апелира на старите и изнемоштени лица како и децата наредните неколку дена да ги поминат во градот.

 


Зимската служба на Општина Кавадарци непрекинато ќе ја следи состојбата и благовремено ќе реагира и интервенира согласно категоризацијата на улиците и локалните патишта.
Доколку е поребна интервенција или помош при движење на тешко пристапни патишта поради невремето може да се јавите на телефонскиот број 070 314 140 или на 192.

 

 

Со почит,
Кабинет на Градоначалник.