Бадникови подароци за децата на детско одделение во кавадаречката болница

Бадникови подароци за децата на детско одделение во кавадаречката болница

 

По повод големиот христијански празник Божиќ, директорот на Општа болница со проширена дејност Кавадарци, д-р Диме Коцев со вработени во болницата,  ги посетија децата кои се хоспитализирани на детско одделение.

 

 

„Бидејќи денеска е Коледе, и овие деца не беа во можност да се радуваат на празникот како нивните другари, одлучивме да ги посетиме и да им дадеме подароци за Коледе. Им посакуваме побрзо оздравување и враќање во кругот на семејствата додека се празнува Божиќ“ рече д-р Коцев.

А.Д