Божиќна честитка од ОО на СДСМ Кавадарци

Божиќна честитка од ОО на СДСМ Кавадарци

 

 

Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци ви ги честита Божиќните празници, со желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот.

 

Овој голем христијански празник нека донесе љубов и мир меѓу луѓето, топлина во семејниот дом и поттик за надеж и верба во животот.

 

Меѓусебната почит, толеранцијата и разбирањето се вредности кон кои тежнееме, и во тој дух, посакуваме уште посилно да ги развиваме овие вредности во годината што доаѓа.

 

Нека е честит големиот празник Рожденство Христово – Божиќ!

За многу години.

Христос се роди!