Се работи на пробивање на улица „Кукушка“ во Кавадарци

Се работи на пробивање на улица „Кукушка“ во Кавадарци

 

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за пробивање на улицата „Кукушка“. Се спроведе рушење на стара куќа подложна на паѓање, како и отстранување и расчистување на просторот.


Со овој зафат се отстранува сериозна опасност по пешаците и сообраќајот на улицата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ каде секојдневно има голема фрекфенција на возила како и пешаци, особено на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“.


Со пробивањето, како и проширување на оваа улица за дополнителни 20 сантиметри се отвора нов пократок и директен сообраќаен пристап за жителите на оваа улица кон една од главните сообраќајници во градот.
Согласно проектот општината овде претходно изврши промена на подземната инфраструктура, а беше изграден и армирано-бетонски потпорен ѕид – информираат од локалната самоуправа.