Со дегустација на вина и ракии произведени во домашни услови денеска во Неготино започна одбележувањето на празникот на лозарите и винарите , Свети Трифун.

На прес конференција, градоначалникот Тони Делков информираше за сите активности кои во тридневното празнување ќе се реализираат.