
Во кавадаречката полициска станица денеска се одржа работен состанок на советодавната група на граѓани. На состанокот надлежните институции ја анализираа состојбата со пожарите на отворен простор случени на подрачјето на општина Кавадарци, минатата година. Се расправаше и за капацитетите и мерките кои ќе се превземат за наредниот период.
Ја пренесуваме изјавата на градоначалникот Митко Јанчев.