Започна одбележувањето на асфалтните легнати пречки

Започна одбележувањето на асфалтните легнати пречки

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на специјализираната фирма „Бојта инг“ започна со одбележување на хоризонталната патна сигнализација на 12-те нови асфалтни легнати пречки – информираат од локалната самоуправа.

Ова е завршна фаза од проектот за поставување на забавувачи на сообраќајот кои според сообраќајниот проект се изградени на 8 локации на градските улици и тоа пред основните и средните училишта.

 

Се работи за асфалтни легнати пречки со должина од 6 и широчина од 4 метри, на кои се исцртуваат бели линии за означување пешачки премини-зербри. Претходно паралелно со нивното асфалтирање општината постави и вертикална патна сигнализација од сообраќајни знаци за предупредување.

Со овој проект општината очекува подобрување на безбедноста на пешаците, како и намалување на непрописното брзо возење низ значаен дел од градските улици.