Зголемена излезност на гласачките места низ Тиквешијата

Зголемена излезност на гласачките места низ Тиквешијата

Се зголемува одзивот на граѓаните на избирачките места, покажуваат податоците од ОИК споредено со излезноста во 10 часот.

 

И понатаму гласањето во Тиквешијата е без проблеми. До 13 часот во Кавадарци гласале 27,67% од вкупниот број избирачи, или правото на глас го оствариле 8885 кавадарчани.

 

Во Неготино до 13 часот правото на глас го оствариле 4.587 граѓани со право на глас, или 29,02% од вкупниот борј запишани избирачи. Проблеми во текот на гласањето нема, потврди за канал 77, претседателката на ОИК, Нетка Веселинова.

 

Во Росоман на гласачките места до 13 часот излегле 24,81%. Лазар Симоновиќ, претседател на ОИК вели дека проблеми не се бележат, а споредено со 10 часот се бележи поголема излезност.

 

Најголема излезност се бележи во Демир Капија. Таму гласале  32,75% од запишаните избирачи 3331.

А.Д