Градежна офанзива во Кавадарци

Градежна офанзива во Кавадарци

Триесетина проекти се дел од списокот на проекти од комуналната изградба кои локална самоуправа Кавадарци ќе ги реализира во наредниот период. Опфатени се сите месни заедници, а најчесто станува збор за барања на граѓаните. Вчера од општинската прес служба го објавија интензитетот на изградба.

 

Ќе се реконструира и адаптира детска градинка во селото Возaрци. Планирано е работите да завршат до средината на јули годинава. Изведувач на работите е Евро градба – инжинеринг.

 

 

Се планира изградба на мини пазарче кај нов суд Кавадарци, врз основа на договори започнати од 2018 година , краен рок за завршување е 25.05.2019 година. Ова е проект во УЗ „ЉУбаш“, а градежните работи ги извршува „Пер инжинеринг“.

 

 

До 20 мај е планирано да заврши оградувањето на спортскиот центар „Јасмин“. Станува збор за проект за кој е склучен договор минатата година, а работите ги извршува „Метал Апостолов“.

 

 

Од 11 јуни ќе отпочне реконструкција на покривот на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во селото Сопот. Активностите согласно договорот со изведувачот „Евро градба инжинеринг“, планирано е да завршат до 11 јули годинава.

 

Ќе се градат потпорни ѕидови на ул. Ѓоре Брушански , Февруарски поход , поплочување на ул. Страшо Пинџур споредна и 11 Бригада. Овие работи се започнати од 15 мај и треба да завршат за еден месец.  Фирма изведувач-Мулти Градба Инжинеринг ДООЕЛ е изведувач на работите.

 

 

Се започна и со реконструкција на покривот на домот на културата во селото Ваташа. До 13 јуни е планирано да завршат градежните активности кои ги изведува МЗТ инжинеринг од Битола.

 

Ќе се асфалтираат ул.”Ило Костов” , ул. “Браќа Хаџи –Тефови ” и ул.”Рајна Соколова” кои се дел од УЗ „Браќа Џунови“. Најдоцна до 10 јуни е предвидено завршување со асфалтерските работи кои ги извршува „Ве група“ од Радовиш.

 

 

Од 15 овој месец се отпочна со поплочување на ул.”Браќа Хаџи-Тефови” , ул.”Мара Димова” , “Иво Лола Рибар” , ул. “Киро Каракулев” . Активностите е планирано да завршат до 15.06.2019 година .

 

Во УЗ „Страшо Пинџур“ ќе се асфалтира ул.”25 Мај”, а ќе се гради и попторен ѕид. Завршување на тековните работи се планира најдоцна до 25.05.2019 година , овие ставки се по претходен договор започнат од 2018 година. Фирма изведувач е „Коле Транс инжинеринг“.

 

Во УЗ „Браќа Досеваи“ се врши асфалтирање на улиците „Скопска“, “Никола Карев“ и „Дешка Тошева“.

 

Асфалтирање на ул.” 2ра Бригада” , крак на ул.”Солунска Глава” спој со ул. “Гоце Делчев” , се врши на овие улици кои се дел од УЗ „Љубаш“.

Додека во УЗ „Кула“ до 7 јули е планирано да се заврши со асфалтирање на паркинг кај зградите на булевар „Македонија“.

 

Ќе се реконструира покривот на ООУ “Димката Ангелов Габер” Кавадарци . Се планира завршување најдоцна до 15.07.2019 година на работите кои ги изведува „Ибо Под“ од Прилеп.

 

Доколку дозволат временските услови до 15 јуни е планирано да се заврши со изградбата на речното корито во Ваташа. На овој проект работи „Градба Промет“. Досега се изгради коритото, а се работи на бетонирање на патеките и оформување на места каде ќе се поставуваат канделабри.

 

 

Во Ваташа ќе се поплочува и ул.Перо Видев. Краен рок за завршување е 30.05.2019 година

 

До 15 јули се планира да заврши изградбата на кружен тек кај винарија „Тиквеш“, а до 30 мај да се заврши со поплочување на ул. “Галишка”.

 

 

Поплочување на пешачка патека , паркинг и пристап на згради на булевар ” Кочо Рацин” , булевар “Македонија” и ул.”Никола Минчев” , пешачка патека кај Белка зградите , парк кај Полана и тротоар на ул.”Никола Минчев”, како улици во населба Јасмин , краен рок на завршување е 15.08.2019 година . Фирма изведувач- Градба Промет

 

Во општинскиот план е асфалтирање на дел 1 ул. “Смилица”, ул.”Бигла”, ул.”Рајко Жинзифов” изградба на сервисна улица на ул.”25 Мај”, втора фаза пробивање и тампонирање на улици во ДУП Дисанска , изградба на сервисна на ул.”Доне Попов” , воведување во работа најдоцна до 01 .06.2019 година , а работите ќе ги извршува „Градба промет“.

Фирма изведувач-Градба Промет

 

Од 1 јуни се планира и асфалтирање на ул. „Црноречка“. “Февруарски поход“, ул.Полошка , Праведничка –крак и ул. Јованче Велков.

 

Во УЗ „Ќиро Крстев“ ќе се поплочува ул. Клинска. Фирма изведувач- АС Машини.

 

Ќе се градат жардинерии на Западен Булевар, а ќе се поплочуваат ул. „ Наќо Лазовски (две страни), ул. Смилица, ул.Дисанска и ул. Глигор Прличев. Овде градежните работи ги извршува фирмата – РМК Градба.

 

До 17 јули е планирано поплочување на ул. Галишка и тротоари на ул. Ѓоре Брушански, ул.Кузман Јосифовски -Питу и ул.41ва Девизија. На овие активности ќе работи „АС машини“.

Урбана заедница – Задругар

 

Се поплочува ул. Никола Карев –споредна, а се работи на поплочување и на тротоари на ул. Методија Џунов Џико-споредна, ул. Клинска – крак, ул. Шакалица, ул. Димче Мирчев и ул. Брушанска . Фирма изведувач – РМК Градба.

А.Д