Општина Неготино ќе надоместува дел од трошоците за купување на велосипеди

По принципот „прв дојден,прв услужен“,општина Неготино објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди во 2019-та година.

 

Средствата што општината ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000 денари по лице.

 

Јавниот повик трае заклучно со 20-ти јуни, оваа година, а средствата во висина од 300.000 денари предвидени за исплата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.