Успешна крводарителска акција реализирана во Кавадарци

Успешна крводарителска акција реализирана во Кавадарци

Редовна крводарителска акција за припадниците на МВР во Кавадарци, која се одржува во просториите на гранична полиција РЦ за ГР Југ Кавадарци. Акцијата е во организација на Црвен крст на Република Македонија Општинска огранизација Кавадарци, МВР и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

 

Според годишниот план за крводарителство, Црвен крст Кавадарци на ниво на двете општини Кавадарци и Росоман треба да реализира 1184 крвни единици или околу 3% од вкупниот број на жители во двете општини. Заклучно со месец јуни како пресек за половина година, предвидени се да се реализираат околу 600 крвни единици, а реализирани се над 800 крвни единици што значи бројката е натфрлена со околу 200 повеќе. Голем респект и браво за нашите крводарители.

 

„Граѓаните од Тиквешијата секогаш покажуваат високо ниво на хуманост кога е во прашање крводарителството. Следната крводарителска акција е во вторник 23-ти јули во просториите на Црвен крст Кавадарци, за сите граѓани од двете општини Кавадарци и Росоман“ вели  Димитар Каракулев Претседател на Црвен крст Кавадарци и Потпретседател на Црвен крст на Република Македонија.