Македонско пиво со поддршка за спортот во Кавадарци

Македонско пиво со поддршка за спортот во Кавадарци

Успешно заврши кампањата НАШЕ ПИВО, НАША СТРАСТ! Организирана од Наше Македонско Светло Пиво за поддршка на спортот и подигнување на спортскиот дух.

Денеска на ГФК Тиквеш, ракометниот клуб „Тиквеш“ и КК „Фени“ како и на навивачката група „Лозари“ им беа врачени ваучери со финансиска поддршака. Кампањата започна минатата година и се реализираше до 30 јуни годинава.

 

Со секој продаден литар Македонско пиво се одвојуваа по 2 денари за поддршка на спортот.