Вчера во периодот од 17.00 до 23.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи на моторцикли.
Притоа, биле регистрирани 36 прекршоци, од кои во Велес девет прекршоци, во Кавадарци 20 прекршоци и во Неготино седум прекршоци, информираат од СВР Велес.
