Денеска Општина Кавадарци во соработка со ЈП Комуналец по иницијатива на Градоначалникот реши повеќе децениски проблем на улица „Фердо Росомански“, односно се руши ограден ѕид со согласност и разбирање од сопствениците и соседите.

Сега улицата е проширена и е проодна за возилата на противпожарната единица, брза помош и ЈП Комуналец – информираа денеска од општина Кавадарци.