Продолжува обновувањето на фасадите на зградите во центарот на Кавадарци

Продолжува проектот за обновување на фасадите на зградите во централното градско подрачје.

Оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ започна со обнова на фасадата на зградата „Тутунска“ на улицата „Илинденска“. Ова е шестата зграда на која Општината врши фарбање на фасадата, обнова на сачокот и олуците.

Според проектот остануваат да се обноват фасадите на уште шест згради – информираат од општината.