(ВИДЕО) СДСМ бара оставка од советникот Јованчев, бидејќи крадел вода од „Лукар“

(ВИДЕО) СДСМ бара оставка од советникот Јованчев, бидејќи крадел вода од „Лукар“

ОО на СДСМ Кавадарци денеска на прес конференција побара оставка од советничката функција на Зоран Јованчев, кој воедно е и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, бидејќи полицијата поднела кривична пријава за кражба на вода од водоводниот систем….

 

(интегрален текст) ВМРО-ДПМНЕ тоне во криминал и корупција на сите нивоа во своите структури, почнувајќи од највисоко па се до најниско ниво.

Таков е и примерот за претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев.

Учејќи веројатно од раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат еден куп на постапки и обвиненија за разни злоупотреби, по тие стапки тргнал и Зоран Јованчев.

Имено претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев по пријава од страна на граѓани, е фатен на лице место како краде вода за пиење од изворот Лукар, за наводнување на својот лозов насад во Ваташа.

Станува збор за лозов насад со број на парцела: 2126, со големина од 4.281 м2, кој Зоран Јованчев години наназад нелегално го наводнувал.

 

Човекот кој глуми “загрижен” лозар само кога неговата политичка партија е во опозиција, не само што не го штити јавниот интерес и јавните добра, туку истите ги злоупотребува за сопствени цели.

Почитувани сограѓани,

Ова е последен од низата примери за неодговорно и незаконско однесување на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна и ефикасна постапка за да се дојде до разрешница на овој случај.

Со ваквото однесување, Јованчев покажа дека не е достоен да биде советник и да ги застапува интересите на граѓаните.

Јованчев мора да си поднесе оставка од Советот во општина Кавадарци, а потоа низ отворена, законска и транспарентна судска постапка да одговара за своите дела.