Традиционално и оваа година Општина Кавадарци организира новогодишна прослава на градскиот плоштад. И оваа година прославата е со наслов “Кавадарци заедно во новата година“. Ќе не забавуваат кавадаречки изведувачи со музика за сечиј вкус.

Во последната недела од оваа година , исто така , традиционално Градоначалникот Митко Јанчев ќе ги посети и сите училишта и детската градинка за да им подели новогодишни пакетчиња на дечињата – информираат од кабинетот на Јанчев.
Сите заедно да ја дочекаме Новата Година со добра музика и спектакуларен огномет – велат од локалната самоуправа.