Започна реконструкцијата на градскиот стадион во Кавадарци.Според проектот најпрвин ќе биде целосно отстранета сегашната трева, а подлогата под неа ќе се подготви за поставување на нови бусени трева.

Теренот ќе биде соодветно и дрениран со ефикасен систем за одводнување. Градкиот фудбалски стадион освен промената на сегашната подлога со нова трева, ќе добие и современо осветлување за одигрување на ноќни натпревари – информираат од локалната самоуправа.